Во знак на сите жени борци, вечерва стартува фестивалот „Прво па женско“

Од:

Програмата на годинешното издание на фестивалот “Прво па женско“, во организација на Tiiiit! Inc. ќе започне вечерва, во 18 часот, во киното „Фросина“, со проекцијата на „Сè за тебе“ на италијанката Алина Мараци. Официјалното отворање на фестивалот ќе биде отварањето на изложбата на протестни фотографии, автори на концептот се Луми Бекири и Кристина Леловац.

prvopazensko (5)

Се работи за пресек на фотографии на македонски фоторепортери и професионални фотографи, збогатени со записите на аматерските камери на мобилните телефони на луѓето кои што учествуваа во протестите а кои „најпластично го портретираат токму женскиот лик на овој граѓански отпор“.
Изложбата ќе биде придружена со аудио снимки на говори на жени во текот на протестите, што се случуваа изминатата година.

prvopazensko (2)

Потоа, во „Фросина“, ќе се одржи вечер на раскажување женски приказни (учествуваат неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие на тема „Прв пат кога…“), концептот за овој настан е на Ана Василева и Румена Бужаровска. Првиот фестивалски ден ќе заврши со диџеј сетот насловен „Свежо машко месо“ во кој музика ќе вртат Лепи Џони, На Мехо Малиот, Кунг Фулиш и Црно семе.

prvopazensko (1)

– Оваа година, Прво па Женско ја слави Жената Борец. Програмата е портрет на женското лице на годината одбележана со свирежи, скандирања и поворки по улиците. Одек на автентичната женска борба со пендреците, штитовите, чизмите со метални ѓонови, со барикадите, солзавците и водените топови. На женското НЕ на неправдата, насилството и криминалот. Жените бестрашно и неуморно ги освоија улиците. Уште малку ќе ја освојат и слободата!, велат организаторките на фестивалот.

prvopazensko (3)

Целата програма на фестивалот „Прво па женско“ можете да видите овде

Би можело да ве интересира

ПичПрич на 6 април на тема „Бев Сама“

Ана Ололовска

Деветто издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женско

Ана Ололовска

Пендаровски: Потребно е унапредување на родовите политики во земјата

Ана Ололовска

Изложбата „Без простор“ ќе го затвори 8. Фестивал на феминистичка култура „Прво па женско“

Ана Ололовска

Осмо издание на фестивалот „Прво па женско“

Ана Ололовска

Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

Ана Ололовска