Филмот на мексиканскиот режисер Гуљермо дел Торо „Облик на водата“ вечерва освои „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал.
– Доколку останете чисти и лојални на својата вера, во мојот случај, во чудовишта, можете се да постигнете, истакна Дел Торо во обраќањето на најстариот филмски фестивал во светот.
Тој додаде дека наградата ја посветува на младите јужноамерикански режисери.