Би-Би-Си – Лондон
Експертите во Амстердам заклучиле дека проблематичниот холандски сликар Ван Гог страдал од форма на повторувана психоза во неговите последни 18 месеци од животот.
Сепак, тие не можат да ја дознаат конечната дијагноза за неговото ментално здравје.
Тие велат дека добро документарениот нервен слом кој резултирал со самоотсекување на увото во 1888 година, можеби бил предизвикан од алкохол или стрес.
Ван Гог загинал од повреда од пиштол во јули 1890 година, во наводно самоубиство.
Собирот на медицински професионалци и историчари на уметноста истражуваше докази, меѓу кои и писма од холандскиот постимпресионист.
Народните теории за неговото ментално здравје вклучуваат биполарно нарушување, шизофренија или сифилис.
-Едно нешто не може да ја објасни целата слика за тоа што му се случило на Ван Гог, вели професорот по медицинска етика Арко Одервалд, за весникот Телеграф.
Луис ван Тилборг, професор по историја на уметноста на Универзитетот во Амстердам, за весникот Њујорк тајмс изнесе некои детали од дебата за Ван Гог, која била „шестока“.
Во јули, едно ново истражување откри дека Ван Гог си го отсекол целото уво, а не само дел од него.
Подоцна истиот месец, весникот Д Арт њузпејпер го објави името на младата жена на која тој и го дал увото со зборовите „чувај го внимателно овој предмет“ како Габриеле Берлатиер, ќерка на фармер.