Трка на франкофонијата во Скопје

Од:

Светскиот ден на франкофонијата 20 Март првпат оваа година во Македонија ќе биде одбележан со трка која напладне ќе почне од Паркот на Франкофонијата и ќе заврши кај „Скопје Сити мол“.

Пријавени се 500 учесници на Трката на франкофонијата, која ја организира Францускиот институт во Скопје во соработка со Амбасадата на Франција.

– Оваа ревијална трка, во должина од четири километри, има за цел да ги одбележи заедничките франкофонски вредности, употребата на францускиот јазик, културната разновидност и солидарноста, соопшти Францускиот институт.

Почетокот на трката ќе го означат француската амбасадорка Лоранс Оер и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

На крајната цел – платото пред „Скопје Сити мол“, ќе има забава, музичка анимација, ритмички игри и танци, куси разговори со победниците, како и обраќање на Габриел Атанасов, национален координатор на франкофонијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Самитот на Франкофонијата, закажан за ноември во Тунис, одложен за една година

А1он

Со онлајн дебата „Зошто превод“ се затвора Месецот на франкофонијата

Ана Ололовска

Самитот на Франкофонијата одложен за следната година

А1он

Почнува одбележувањето на Месецот на франкофонијата

Ана Ололовска

Македонски франкофони на Меѓународен франкофонски камп во Тирана

Ана Ололовска

Тимоние: Францускиот јазик од голема корист за професионална интеграција

Ана Ололовска