„Травијата“ на Мајските оперски вечери

Од:

На претпоследниот програмски настан од годинашните Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Травијата“ на Џузепе Верди со Сања Керкез од Белград во главната улога, во режија на Верена Штојбер од Германија.

– Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, ремек-дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима, соопшти Националната опера и балет.

Покрај Сања Керкез, која ќе настапи во улогата на Виолета Валери, во претставата учествуваат и Благој Нацоски како Алфред Жермон и Грузиецот Отар Накашидзе како Жорж Жермон. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска.

Следен и последен настан на 47. Мајски оперски вечери е „Аида“ на 31 мај. Со оваа популарна Вердиева опера фестивалот и беше отворен на 9 мај. Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, а за втората изведба за затворањето в петок ќе има меѓународна екипа, со Русинката Олга Романко во насловната улога.

Би можело да ве интересира

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано во рамките на „Мајски оперски вечери“ на 18 мај

Ана Ололовска

Изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Изведба на „Травијата“ на 28 мај

Ана Ололовска

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска