Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица на 12. и 13. јануари

Од:

На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023 информираат од Националната опера и балет.

– Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет се наведува во известувањет оод НОБ.

Би можело да ве интересира

Приходот од балетската претстава „Петар Пан“ ќе оди во фондот за настраданите во Кочани

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

А1он

Изведба на операта „Кармен“ на 1 март во Националната опера и балет

„Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет

Катерина Ѓуровски

Балетската претстава „Дон Кихот“ на 20 и 24 декември на големата сцена на НOБ

А1он

„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“