Со претставата „Елка кај Иванови“ почнуваат „Скомрахи“

Од:

Со претставата „Елка кај Иванови“ на студентите од катедрата за актерска игра при Факултетот за драмски уметности во Скопје, вечер во 20 часот во Драмскиот театар ќе бидат отворени 26. Меѓународни средби на студентите од факултетите и академиите за драмски уметности „Скомрахи 2017“.

На Скомрахи, кои ќе завршат на 7 ноември, ќе учествуваат повеќе факултети од регионот, театарски претстави ќе изведат студенти од Белград, Загреб, Љубљана, Благоевград, Приштина, ќе се одржи научна конференција, изложба, а ќе има и филмски проекциии и многу забава.

Сите активности ќе се случуваат на Факултетот за драмски уметности, претставите ќе почнуваат во 19 часот, а филмските проекции во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Студентските средби „Скомрахи 2019“ од утревечер на ФДУ

Ана Ололовска

Меѓународни студентски средби „Скомрахи“ од 3 до 7 ноември

Ана Ололовска

Меѓународни средби „Скомрахи“ од 3-ти до 6-ти ноември

Ана Ололовска