Со Четири годишни времиња утре се затвора „Скопско лето“

Од:

Годинешното 46-то издание на фестивалот Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија Саша Николовски Ѓумар“, кој ќе се одржи на 30.07.2025 г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан. Диригент е Иван Еминовиќ.

На програмата се А. Вивалди Четири годишни времиња и А. Пјацола Четири годишни времиња.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија Саша Николовски Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година.

Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети.

Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и други. Оркестарот е и добитник на национални награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Почнува 46. Скопско лето

А1он

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“