Шести „Пиволенд 2013“ на старата локација под Калето

Од:

Околу 40 видови домашно и странско пиво ќе понуди годинашниот шести по ред „Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2013“, кој ќе се одржи од 11 септември до 15 септември, на старата локација – скопското Кале.

Традиционално и оваа година фестивалот е во организација на компанијата „Темов“, а под покровителство на Градот Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на денешната прес-конференција ги покани сите граѓани на Скопје, но и граѓаните на другите градови во државата, да го посетат Пиволенд 2013.

– Сите љубители на пивото на овогодинашниот фестивал ќе можат да дегустираат околу 40 видови пиво, домашни и странски, како и да уживаат во големиот избор македонска традиционална храна од десет различни ресторани. Оваа година фестивалот ќе има четири стејџа со различен тип на музика, и тоа: главниот стејџ, ДЈ стејџот и кавер бенд стејџот, истакна градоначалникот Трајановски.
На четвртата сцена, која ќе биде во надлежност на радио МОФ, ќе настапат алтернативни музичари и ДЈ-и од Македонија и ќе биде одлично надополнување на веќе најавената музичка програма.

Организаторот на манифестацијата, Пане Темов потенцираше дека покрај германски, чешки и белгиски пива, годинава првпат ќе може да се дегустираат и пива од Англија.
– Фестивалот на пивото, Пиволенд, годинава на барање на посетителите се пресели повторно на Скопското кале, а како и секоја година до сега така и оваа акцентот го става на македонските пива, македонската храна и македонската музика. Првпат оваа година пивопијците ќе можат да дегустираат девет видови пиво од Англија, меѓу кои е и официјалното пиво на мега популарната група Iron Maden, рече Темов.

Во петте фестивалски денови ќе можат да се проследат најголемите домашни ѕвезди како Тамара Тодевска, ДНК, Тони Китановски и Васил Хаџиманов, Нокаут, Визија, најдобрите македонските ДЈи: Гоце (саф), Славе, Мирко Попов, Ајсберг, Роботек, Лефанк, Гејм овер и Чваре, како и најдобрите наши кавер изведувачи меѓу кои Бени нон стоп, Ај Кју, Пеперминт Босса нова, Лабаво Лавабо и многу други.

Посетителите ќе можат да ги проследат и настапите на регионалните ѕвезди-Електрични оргазам, Едо Маајка, Постолар Трипер и Викеда.

Влезот на фестивалот е бесплатен. Цените на пивата ќе се движат:

Скопска пивара
Скопско точено 0,4 л. – 70 денари
Скопско младо пиво 0,4 л. – 80 денари
Скопско лименка 0,5 л. – 80 денари
Амстел лименка 0,5 л. -90 денари
Хајнекен лименка 0,5 л. -100 денари

Прилепска пивара
Златен Даб точено 0,4 л. – 70 денари
Златен Даб 1,5 л. – 200 денари
Туборг 0,5 л. – 100 денари
Туборг лименка 0,33 л. -90 денари
Крале Марко 1,5 л.-150 денари

Би можело да ве интересира

Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов

Наум Локоски

Почна „Пиволенд 2017“

Ана Ололовска

Денес започнува Пиволенд 2017

Наум Локоски

„Пиволенд 2017“ од 7. до 12 август, потоа „Супер Скопје“

Ана Ололовска

Заврши „Пиволенд 2015“

Ана Ололовска

ФОТО: На скопското Кале почна „Пиволенд 2015“

Ана Ололовска