СДСМ: Нема плата за Велигден за културните работници

Од:

„Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен рок за исплата на платата, во Светата седмица, на Велики четврток – симбол на смирение и човечност, само три дена пред големиот христијански празник Велигден, вработените во културата сè уште немаат добиено плата за месец март. Ова не е само административен пропуст. Ова е директен удар врз достоинството на оние што ја чуваат нашата културна меморија, ја создаваат уметноста и се грижат за духовното богатство на нацијата. Да не се исплати плата навреме – а особено во овие празнични денови кога семејствата се собираат, кога традицијата повикува на трпеза, топлина и заедништво – значи да се покаже рамнодушност кон нивниот труд и живот“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „министерот за култура, Зоран Љутков, потфрли“.

„Потфрли не само како институционален раководител, туку и како човек кој некогаш самиот стоел на сцена и знае што значи љубовта кон културата. Разочарува фактот што токму тој, дојден од светот на уметноста, не покажа ни минимум емпатија и одговорност кон своите колеги – вработените во установите од културата низ целата земја. Културата не може да биде последна на листата. Луѓето што работат во театрите, музеите, библиотеките, галериите… заслужуваат почит и сигурност, не понижување и несигурност. Оваа ситуација не смее да се повтори. Време е некој конечно да понесе одговорност“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

А1он

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он

Отворен Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“

А1он

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

А1он

Љутков: За 10 проценти е зголемен бројот на туристи во седумте месеци годинава, а за 5,5 проценти се поголеми ноќевањата

А1он

Новата Универзална сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта

Горан Наумовски