Прв македонски фестивал со детски театарски претстави во Кавадарци

Од:

Првиот македонски фестивал со детски театарски претстави почнува денеска во Кавадарци, во организација на Здружението на детски театри -Национален центар „АСИТЕЖ“, во соработка со Домот на култура „Иван Мазов – Климе“.

– На првиот Македонски „АСИТЕЖ“ фестивал – МАФ, ќе бидат одиграни пет детски театарски претстави во различна продукција од цела држава, појаснува режисерката Микица Илова.

Фестивалот ќе трае до 11 јуни, а на програмата се детски театарски претстави, театарски работилници и тркалезни маси.

Фестивалот почнува вечерва со „Убавицата и ѕверот“ во режија на Микица Илова, продукција на театарот при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. За утре е предвидена „Книголандија“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, продукција – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, а во недела, „На гости кај Кате и Фреда“ со режија на Јован Ристовски, продукција – „Бабец театар“ – Битола. Понеделник е резервиран за „Тоби“ во режија на Драгослав Тодоровиќ, продукција – НУ Театар за деца и младинци – Скопје, а вторник за „Свадби на животни и нешта“, продукција на Театар „Облаци и сенки“.

Во рамки на оф програмата на фестивалот, ќе биде одиграна и претставата за возрасни „8%“, во продукција на „Ато Центар“ – Битола, во недела

Би можело да ве интересира

„Поточиња“ се одржува утре во Градски парк

Ана Ололовска

До крајот на месецов аудиција за детскиот фестивал „Распеано симитче 2020“ – Крива Паланка

Ана Ололовска

Отварен првиот фестивал на детска креативност Трамболини

Ана Ололовска

Прв фестивал за детска креативност „Трамболини“

Ана Ололовска

Во Крива Паланка започна фестивалот на детска песна „Распеано симитче“

Ана Ололовска