Проекција на „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје на СФФ

Од:

Во рамките на програмата Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, утре во 20 часот во кино Фросина, ќе биде прикажан документарецот за раскошната изведба на модното шоу наречено „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје, еден од најистакнатите и највпечатливите француски дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации.

Веднаш по проекцијата на филмот ќе следи дискусија „Модата и родовиот идентитет” со специјалната гостинка Луиз Валенберг, професорка по модни студии во Центарот за модни студии при Универзитетот во Стокхолм, и поранешна директорка на Центарот. Нејзините истражувања се фокусираат на родовиот идентитет, сексуалноста, класите и етносот во областа на модата и филмот.

Киното „Фросина“ денеска ќе биде резервирано за филмовите „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур, рускиот „Киселина“ и шведскиот документарен филм „Силвана“.

По проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговара гостинката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.

Филомот „Киселина“ на рускиот актер и режисер, Александар Горчилин („Ученикот“) стои зад камерата на овој смело синематски и бескомпромисен поглед на современа Русија преку очите на група пријатели во главниот град, Москва. Режисерското деби на Горчилин е за празнината на младешкиот живот и генерациските конфликти меѓу децата и родителите. Филмот нуди модерен поглед во светот на младата руска буржоазија, кои преку секс, дрога и техно, се мачат да најдат надеж и значење во бруталниот свет.

Би можело да ве интересира

Шест проекции за затворање на 22. „Скопје филм фестивал“

Ана Ололовска

Работилница за филм со шкотскиот сценарист Брајан Мекгил

Ана Ололовска

На Скопје филм фестивал претставени новите кратки македонски филмови

Ана Ололовска

На „Скопје филм фестивал“ почна ретроспективата на Мето Јовановски

Ана Ололовска

„Втора шанса“ – женски филм за личните избори и одлуки

Ана Ололовска

Скопски филмски фестивал од денеска до 25 април

Ана Ололовска