Проекција на „Големиот сон“ од Себастијан Гроблер во Кинотека

Од:

„Големиот сон“ на режисерот Себастијан Гроблер ќе биде прикажан денеска во Кинотеката на Северна Македонија во рамки на филмската вечер организирана од Гете-институт во Скопје.

Ова е вториот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“, што ќе биде прикажан во Кинотеката.

Филмот го следи ангажманот на младиот учител Конрад Кох (Даниел Брул), кој бил ангажиран како професор по англиски јазик во строго управувано германско машко училиште во 1874 година.

Реформски настроениот директор Мерфелд (Бургарт Клауснер) го ангажирал Кох како еден од првите професори по англиски јазик во германската гимназија за да внесе свеж воздух во неговата мувлосана институција. Уште од својот прв час, Кох согледува колку било тоа потребно. Сè што младите луѓе знаат за Англија се вообичаените предрасуди кои се пренесуваат од една генерација на друга. За да разбуди ентузијазам за странскиот јазик, дипломецот од Оксфорд Кох користи необични средства и ги запознава студентите со куриозен спорт кој потекнува од Англија: фудбалот.

За жал, со своите неконвенционални методи, Кох набрзо стекнува многу непријатели: влијателни родители, локални достоинственици и пред сè неговите колеги кои веруваат само во пруската вежба и дисциплина. Сите сакаат по секоја цена да се ослободат од Кох. Но, тогаш неговите студенти преземаат иницијатива…

Преокцијата на филмот е во терминот од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Бошко Грујоски е нов в.д. директор на Кинотека

„Северен пол“ и „Мобил фестивал“ дел од декемвриската програма во Кинотека

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Недела на албански филм од 21 до 26 октомври во Кинотека

Недела на современ јапонски филм од утре во Кинотека

Наум Локоски

Трет филмски фестивал „Богородичен покров”

Наум Локоски