Привршуваат подготовките за 54. Струшки вечери на поезијата

Од:

Над 40 поети од повеќе од 25 земји во светот ќе учествуваат на 54. Струшки вечери на поезијата што од 26 до 31 август ќе се одржуваат во Струга, но позеија ќе се чита и во други градови низ Македонија.

Директорот на фестивалот Мите Стефоски на денешната средба со новинарите истакна дека покрај традиционалното отворање на Фестивалот со читање на Константиновата Т`га за југ поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис.

– СВП ќе ги отвори Адонис со поетско послание. Ден претходно неговата поезија ќе биде претставена на посебно изградена сцена во близина на плажата „Галеб“. Тоа ќе биде поимпознантна сцена, која ќе биде користена и за „Ноќите без интерпункција“, за програмата „Кругови“ и за поетските портрети, информира Стефоски.

Покрај поетските читања во Струга и Охрид, годинава за прв пат поетите ќе имаат можност да ја претстават својата поезија и во Ресен, Битола и Скопје.

– СВП истовремено ќе бидат присутни во повеќе културни средини и пред разновидна заинтересирана публика. Ништо од она што се одвива во Струга не е загрозено, или пак ќе изгуби од квалитет, туку напротив, го побудува интересот на пошироката публика за тие настани и во Струга. Го приближуваме фестивалот до сите кои од разни причини не можеле да го посетат, нагласи директорот.

Новина годинава, според Стефоски, се и поетските портрети, каде неколку значајни имиња ќе се претстават со поетско читање, но и со нивно претставување, што ќе донесе поинаква форма за комуницирање со нив.

– Ќе им се даде фокус на познатите имиња. Да не се случи како што било некогаш да дојде некој од поетите да прочита само една негова песна. Сепак се тоа едни од најзначајните имиња на денешницата во светот на поезијата, рече Стефоски, кој покрај лауреатот Дао ги посочи и Јусеф Комунјака од САД – добитник на Пулицерова награда, Адонис, кој е лауреат на СВП од 1997…

Фестивалската програма ќе биде аудио и визуелна спакувана, односно ќе бидат снимани документарни филмови, кои ќе бидат презентирани во текот на целата година.

На 54. СВП ќе учествуваат познати имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија…

Традиционално на затворањето на манифестацијата „Мостови“ ќе бидат врачени наградите Златен венец“ на кинескиот лауреат Беи Дао, „Мостови на Струга“ – за дебитантска поетска книга на млад странски автор на Паола Бозалонго од Шпанија и на македонскиот поет кој ќе ја доби наградата „Браќа Миладиновци“.

Би можело да ве интересира

Охридскиот архив почнува со дигитализација на документацијата на „Струшките вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ за 2022 година на СВП и УНЕСКО

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ на СВП за 2021 година

Ана Ололовска

„Струшки вечери на поезијата“ дел од „Фестивалот на надежта“ на платформата Версополис

Ана Ололовска

Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година

Ана Ололовска

Струга ги испрати своите гости, завршува 58-то издание на СВП

Ана Ололовска