„Поезија на пат“ во Прилеп со учесници од СВП

Од:

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе се одржи поетската вечер „Поезија на пат“. Поезија ќе читаат годинашните учесници на Струшките вечери на поезијата (СВП): Владимир Левчев од Бугарија, Мартин Глаз Серуп од Данска, Козмин Перта од Романија и Хусеин Хабаш од Курдистан.

Поетите гости ќе ја претстават својата поезија на мајчиниот јазик, а потоа актер/водител ќе ја пренесе на македонски јазик.

На поетската вечер ќе биде претставена и поезијата на добитникот на „Златниот венец“ на СВП, поетот Адам Загајевски.

Целта на манифестацијата е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети.

Би можело да ве интересира

Охридскиот архив почнува со дигитализација на документацијата на „Струшките вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ за 2022 година на СВП и УНЕСКО

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ на СВП за 2021 година

Ана Ололовска

„Струшки вечери на поезијата“ дел од „Фестивалот на надежта“ на платформата Версополис

Ана Ололовска

Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година

Ана Ололовска

Струга ги испрати своите гости, завршува 58-то издание на СВП

Ана Ололовска