Почнува второто издание на „Џифони Македонија“

Од:

Со проекција на филмот „Мафијата убива само на лето“ вечер во киното Милениум ќе почне вториот Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

„Крстопати“ е темата на годинашното издание на фестивалот. Организаторите најавуваат проекции на многу нови филмови, работилници за креативно изразување, дружења со познати личности од културата, филмот, уметноста и ширење безброј познанства со деца од дури 10 земји од светот.

И овојпат учесниците, зависно од возраста, ќе бидат поделени во три категории, + 10, +13 и +16.

„Џифони Македонија“ е дел од најпознатиот филмски фестивал за млади Giffoni Experience Италија. На отворањето ќе се обратат министерката за култутра Елизабета Канческа – Милевска, директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески, директорот на Giffoni Experience Клаудио Губитози и директорката на „Џифони Македонија“ Елена Величковска Николовска.

Би можело да ве интересира

МОБ ги демантира обвинувањата на СДСМ

Ана Ололовска