Почнува 5. „Анимакс Скопје Фест“

Од:

Вкупно 54 анимирани филмови од 25 држави од светот ќе бидат прикажани на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, што од денеска до осми ноември ќе се одржува во Кинотека на Македонија, кино „Фросина“ и Младинскиот културен центар (МКЦ).

Под мотото „Пет години движење“, овој фестивал ќе го одбележи својот мал јубилеј.

На четирите фестивалски денови на „Анимакс“ ќе бидат прикажани 44 филмови за возрасни и осум филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените 427 анимации од 56 држави во светот, меѓу кои најголем број се од Франција – 47 филмови, Хрватска и Шпанија со по 38, Германија, Полска, Италија, Бразил, како и филмови од Ирак, Иран, Индија, Јужна Кореја, Тајван, Куба, Перу и др.

Фестивалот ќе биде отворен вечер во киното „Фросина“-МКЦ, со проекција на кратки анимирани филмови. Во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан и филмот „Манијајца: Освета на тврдоварениот“ на Золтан Миклоси и Атила Херко од Унгарија.

На последниот ден од фестивалот, на 8 ноември, ќе бидат доделени наградите „Златна“, „Сребрена“ и „Бронзена тула“, а за нив ќе одлучува интернационална жири-комисија во состав Марчин Лучај, програмер на Варшавскиот филмски фестивал, Берин Тузлиќ, аниматор од Босна и Херцеговина и македонскиот аниматор Иван Ивановски. Ќе биде доделена и „Златна тула“ за најдобар детски анимиран филм, а за победникот ќе гласаат децата во четири фестивалски денови. За ова јубилејно издание градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски одлучи да додели специјална награда во рамки на фестивалот.

Првпат на „Анимакс“ во ревијалниот дел на програмата ќе бидат прикажани два долгометражни анимирани фимови, со што се прави обид да се отвори полето за нова натпреварувачка програма следната година и да се додели награда за најдобар долгометражен анимиран филм.

Светската премиера на перформансот во живо-анимација со песок „Легло за тебе“ од шпанската авторка Диди Родан е предвидена за 8 ноември во 19.30 часот во киното „Фросина“, МКЦ.

Според селекторот Благоја Куновски-Доре, годинава на фестивалот има разновидност на жанрови, богатство на изразен потенцијален, на секој автор, а доминира ерата на дигитална и компјутерска анимација.

Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 19 часот. Детската програма в четврток и петок ќе ја следат деца организирани од основните училишта, а в сабота детската програма ќе почне во 12 часот и ќе биде отворена за сите заинтересирани. За време на фестивалот ќе бидат одржани и четири работилници во просториите на Кинотека на Македонија, кино „Фросина“, МКЦ и Агенцијата за филм.

„Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот. Организатор на фестивалот е продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија, Град Скопје и ФX3X, а во соработка со Кинотека на Македонија и МКЦ.

Билетите за програмата во официјална конкуренција ќе чинат 100 денари, а проекциите за деца, како и учеството на работилници е бесплатно.

Би можело да ве интересира

Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Ана Ололовска

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Четириесет анимирани филмови во официјалната програма на 9. „Анимакс Скопје фест“

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска