Пендаровски го отвори фестивалот „Игри без маска“: Инклузијата на лицата со попреченост показател за развојот на една држава

Од:

Инклузијата на лицата со попреченост е показател за развојот на една држава, огледало на свеста и совеста на едно општество и на сите негови граѓани, порача денеска претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го отвори овогодинешниот Меѓународен инклузивен драмски фестивал „Игри без маски 2019“.

-Да не останеме само на желбите и соништата, да ги направиме нашите желби театарска претстава исполената со разбирање, помагање еден на друг и со безусловна љубов, рече Пендаровски.

Изрази благодарност што му е дадена можноста да присустува на овој настан и да го означи неговото започнување истакна дека е пријатно изненаден од од љубовта, оптимизмот, кои „зрачат денеска и на сцената и во публиката“.

Нагласи дека без разлика на разликите што ги имаме сите сме еднакви и рамноправни и токму Меѓународниот инсклузивен драмски фестивал „Игри без маска“ тоа и го покажува.

-Ве повикувам да го градиме духот на солидарноста, почитување и прифаќањето на различностите. Кога говориме за едно општество за сите не смееме да заборавиме дека тоа не смее да биде само парола, туку во него навистина мора да има место за сите, рече Пендаровски.

Фестивалот се одржува по шести пат во организација на Здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви”.

Ќе трае четири дена и на него ќе учествуваат учесници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија. Целта на проектот е остварување на законското право на лицата со хендикеп за нивно активно вклучување во културни настани, реализација на инклузивни обуки и работилници за нивна подготовка и учество во драмски дела и музичко сценски настапи со завршно претставување на театарската сцена.

Би можело да ве интересира

„Како се прави човек“ добитник на ГРАН ПРИ наградата на 12-от ИТФ „Лица без маски“

Ана Ололовска

Со „Како се право човек“ в четврток почнува „Лица без маски“

Ана Ололовска

Гран-при за претставата „Јами дистрикт“ на ИТФ „Лица без маски“

Ана Ололовска

„ЛА ЛА ЛА“ на Саша Евтимова на затворањето на 11. ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“

Ана Ололовска

Висар Вишка ќе го отвори фестивалот „Лица без маски“

Ана Ололовска

Седум претстави на 11. ИТФ „Лица без маски“

Ана Ололовска