Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 8 април со почеток во 20.00 часот.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.
Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.