Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Од:

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“ објави конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Република Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата.

Заинтересираните можат да аплицираат на конкурсот до 10 јуни 2026 година на полноќ. Сите материјали треба да се доставуваат електронски на адресата [email protected], со назнака „Апликација за стипендија Фросина Кулакова 2026“. Процесот на евалуација ќе се одвива во периодот од 11 до 20 јуни 2026 година, додека добитникот на стипендијата ќе биде објавен на 25 јуни 2026 година.

-Стипендијата обезбедува целосно финансирање на студиите, како и можност за вклучување во активности на Фондацијата, во зависност од потребите и можностите, со што на избраниот кандидат му се овозможува дополнителна практична експозиција и поддршка во професионалниот развој. Целта на програмата е да се поттикне новата генерација модни дизајнери и да се поддржи развојот на креативниот потенцијал во земјата – информираат од Фондацијата „Фросина Кулакова“.

Право на аплицирање имаат кандидати со завршено средно образование, државјани на Република Македонија кои покажуваат јасен интерес и афинитет кон модниот дизајн. Како дел од апликацијата, кандидатите треба да достават моден проект во форма на мини колекција, кој вклучува мудборд со инспирација, колорна и текстилна карта, технички цртежи со преден и заден изглед, како и шест комплетни изгледи претставени преку избоени модни илустрации. Сите визуелни материјали се доставуваат во еден PDF документ, при што насловната страница треба да содржи име и презиме, назив на колекцијата, избрана сезона (есен/зима или пролет/лето) и година.

Дополнително, кандидатите се должни да достават објаснување на концептот во должина до 30 редови, биографија (CV) и мотивациско писмо во Word формат. Од Фондацијата посочуваат дека пристигнатите апликации ќе бидат разгледани од стручна комисија која ќе ги оценува креативноста и оригиналноста, јасноста на концептот, визуелната конзистентност и потенцијалот за понатамошен развој на кандидатите.

Би можело да ве интересира

Врховен го одби барањето на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, казната од 13 години останува

Катерина Ѓуровски

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Дуковски: Пресудата од 12 години е донесена под притисок од јавноста – важеше начелото „око за око, заб за заб“

А1он

Зоран Јованов, таткото на Васил не се чувствува виновен за обвинението по кое му се суди

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици