Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути

Од:

Билетите за отворањето на 54. Издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега.

Со рекордна брзина и огромен интерес од публиката, билетите за отворањето на 54.Мајски оперски вечери се распродадоа за само 30 минути. Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и регионот.

Но, ова е само почеток. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфлај“, потоа елеганцијата и трагедијата во „Травијата“, и завршувајќи со спектакуларното финале „Набуко“, секоја вечер е дел од внимателно креирана приказна што ќе го заокружи месец мај.

Публиката веќе покажа дека знае да препознае квалитет. Брзата распродажба на отворањето е јасен сигнал дека интересот за останатите претстави ќе продолжи со исто темпо.

Организаторите упатуваат повик до љубителите на уметноста, да не чекаат. Затоа што Мајските оперски вечери не се само настан, туку искуство што се мора да се доживее и што се памети.

Би можело да ве интересира

Изведба на „Набуко“ на „Мајски оперски вечери“

А1он