Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Од:

Националната опера и балет најавува обнова на македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски на 16 септември.

Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела со библиска тема. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар.

– Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија, информираат од Националната опера и балет.

Либретото го направија Гиј Шелеи и Дора Петрова во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, а режисер Пламен Карталов.

Обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина.

Заедно со нив, на сцената ќе настапуваат и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

Приходот од балетската претстава „Петар Пан“ ќе оди во фондот за настраданите во Кочани

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

А1он

Изведба на операта „Кармен“ на 1 март во Националната опера и балет

„Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет

Катерина Ѓуровски

Балетската претстава „Дон Кихот“ на 20 и 24 декември на големата сцена на НOБ

А1он

„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“