Објавен повик за осмото издание на „Анимакс Скопје Фест“

Од:

Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објави повик за аплицирање за годинешното осмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во ноември годинава во Скопје.

Краен рок за праќање пријави и видео материјали е 20 септември годинава.

Може да се достават пријави за сите филмови изработени во која било техника на анимирање, завршени по 1 јануари минатата година, а кои претходно не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест.

Како што информираат од „Анимакс Скопје Фест“, за да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од категориите: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути) и анимирани филмови за деца.

„Анимакс Скопје Фест“ се одржува во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градот Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.

На минатото седмо издание на „Анимакс“ се пријавија 3.156 анимации од 88 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.

Би можело да ве интересира

Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Ана Ололовска

Четириесет анимирани филмови во официјалната програма на 9. „Анимакс Скопје фест“

Ана Ололовска

Францускиот анимиран филм „Дедо Морж“ победник на седмиот Анимакс

Ана Ололовска

На седмиот Анимакс ќе биде прикажан 51 анимиран филм

Ана Ололовска

Анимиран филмски маратон на отворено во центарот на Скопје

Ана Ололовска

Почнува 6. „Анимакс Скопје фест“

Ана Ололовска