Вечерва со почеток во 20 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма:
Здраво! (Hello – R. Cardon); На мој начин (My Way – C.Francois&J.Revaux arr. H.Eminovic), Тико-Тико (Tico – Tico – L.Abreu arr.W.L), Девојката од Ипанема (Girl from ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic), Финалното одбројување ( Final count down- J.Tempest arr. H.Eminovic), Добс Буги ( Dobs Buggy – W.Dobschin arr. W.Tuschla), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton); Одведи ме до месеченитата (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos); Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North), Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic; Бамболео (Bamboleo – S. Diaz arr.H.Eminovic); и Текила ( Tequila – A. Lokatelli arr. V.Platonovic).
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон…