Македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска и Мерсиха Исмајлоска се вратија со меѓународни награди и признанија од Меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ што се одржа од 6-ти до 9 ноември во Риека, Хрватска.
Од Хрватското книжевно друштво Шипинкаровски доби награда „Книжевно перо“ за најдобар превод на хрватски автори со книгата „Од еден до друг брег“/„Од једне до друге обале“, за која награда му беше доделена и на уредникот на книгата Тоде Илиевски.
На Шипинкаровски, Мијаковска и Исмајлоска им беа доделени и дипломи за учество на фестивалот, а здружението „Бран“ доби диплома за меѓународна соработка од Хрватското книжевно друштво.
Во рамки на фестивалот беше промовирана ревијата за книжевност „Бранувања“ што ја издава здружението „Бран“ од Струга.
На „Денови на пријателите на книгата 2014“ во Риека учествуваа поети од Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Македонија, Холандија, Франција, Ирак..