На „Интерфест“ концерт на Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија

Од:

Во Битола продолжува јубилејното 30. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, а според програмата вечерва концерт ќе одржи германското дуо пијано Михаил Кун и Кристог Еверс.

Во салата на клавирите во битолскиот Музеј, Кун и Еверс ќе изведат дека од Дворжак, Шопен, Лист и Бизе.

Во рамки на „Интерфест“ синоќа во Битола настапија Ангела Братиќ, уметница на флејта и пијанистот Александар Цветковиќ од Србија кои во својот музички рецитал исполнија дела од Пиацола, Шокер, Мариконе и Златковиќ.

Според фестивалскиот концепт, викендов во Битола на публиката ќе и биде понудена театарска претстава во изведба на актерите од Битолскиот театар кои ќе се претстават со неодамнешната премиера „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски, а в недела музикологот Викторија Коларовска Гмирја ќе одржи онлајн предавање за македонското музичко творештво.

В недела навечер во битолскиот Музеј целовечерен музички рецитал ќе има Емил Рибарски, кој на пијано ќе изведе дела од Лист, Равел и Шопен.

Би можело да ве интересира

Во Битола завршува јубилејниот Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“

Ана Ололовска

Концерт на „Интерфест-Битола“ со Џанлука Кампи т.н. „Паганини на хармоника“ од Италија

Ана Ололовска

„Интерфест“-Битола додели постхумно признание за Благоја Стефановски-Баге

Ана Ололовска

Во Битола почнува 30. јубилејно издание на Интерфест, годинава во чест на Блаже Конески

Ана Ололовска

Во Битола заврши фестивалот на класична музика „Интерфест“

Ана Ололовска

Музички рецитал со Олег Маршев на „Интерфест“ во Битола

Ана Ололовска