Мицко Мице Јанкуловски е добитник на наградата за најдобар уметник на биеналето Ларнака 2021, кое оваа година се одржа на тема „Безгранични граници“.
Во образложнието на наградата се посочува дека неговите црни слики на најсугестивен уметнички начин докажуваат дека сепак, има многу повеќе во црнилото, со што се кршат границите на веќе познатото.
Јанкуловски ја постигнува неограниченоста во неговите слики со стеснување, фокусирање, всушност со отфрлање на другите бои, четки – сите атрибути на класичниот медиум во кој работи – сликарската уметност, додаваат организаторите на биеналето.
Во моментов во галерија „ОСТЕН“ е поставена изложбата „ДИЈАЛОГ: Сулаж и Јанкуловски“ – слики и графики