Меѓународни поетски читања на 57. Струшките вечери

Од:

Во рамките на 57. Струшки вечери на поезијата денеска ќе се одржат портрети на минатогодишниот добитник нанаградата „Браќа Миладиновци“ Михаил Ренџов и на Паули Тапио лауреат на „Мостови на Струга“ за 2018 година.

Потески читања ќе имаат и поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“: Зоран Анчевски, Андреј Ал-Асади, Јордан Даниловски, Јовица Ивановски и Сузана В. Спасовска.

Во рамките на манифестацијата ќе биде доделена наградата „Стојан Христов“ за најдобра поетска книга од поет-иселеник, а ќе се одржи и симпозиум „Писмото во егзил/Егзилот во писмото“.

Неизоставен дел на фестивалот се меѓународните поетски читања и „Ноќите без интерпункција“, а ќе се одржи и „Поетско кафе“ – средба со издавачи, агенти и професионални посетители.

Струшките вечери на поезијата почнаа синоќа со традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а претходно во Паркот на поезијата беше засадено дрво во чест на добитникот на „Златниот венец“, полскиот поет Адам Загајевски.

Би можело да ве интересира

Охридскиот архив почнува со дигитализација на документацијата на „Струшките вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ за 2022 година на СВП и УНЕСКО

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ на СВП за 2021 година

Ана Ололовска

„Струшки вечери на поезијата“ дел од „Фестивалот на надежта“ на платформата Версополис

Ана Ололовска

Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година

Ана Ололовска

Струга ги испрати своите гости, завршува 58-то издание на СВП

Ана Ололовска