Меѓународен ден на Франкофонијата

Од:

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје денеска на прес-конференција ќе ги соопштат активностите за одбележување на 20 Март – Меѓународниот ден на Франкофонијата.

На прес-конференцијата ќе се обрати амбасадор на Франција Кристијан Тимоние, а ќе присуствуваат и дипломатските претставници на повеќе земји членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: амбасадорот на Албанија Фатос Река, амбасадорка на Австрија Ренате Коблер, бугарскиот амбасадор Великов Петков, Димитрос Јанакакис, шеф на Канцеларијата за врски со Грција, романскиот амбасадор Виорел Станила и Сибил Ситер Тежада, амасадор на Швајцарија.

Македонија членува во Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година и има активна улога во промовирањето на Франкофонијата во рамките на Југоисточна Европа.

– Во Македонија денес има повеќе од 50.000 активни говорители на францускиот јазик во најразлични општествени сектори, а токму францускиот јазик е заедничкиот именител којшто ги обединува земјите членки на Франкофонијата, наведуваат организаторите.

Меѓународната организација на Франкофонијата е основана во 1970 година со цел да го промовира францускиот јазик, културната и јазичната различност, промоција на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, како и развивање на соработката во служба на оддржливиот развој и на солидарноста.

Би можело да ве интересира

Самитот на Франкофонијата, закажан за ноември во Тунис, одложен за една година

А1он

Со онлајн дебата „Зошто превод“ се затвора Месецот на франкофонијата

Ана Ололовска

Самитот на Франкофонијата одложен за следната година

А1он

Почнува одбележувањето на Месецот на франкофонијата

Ана Ололовска

Македонски франкофони на Меѓународен франкофонски камп во Тирана

Ана Ололовска

Тимоние: Францускиот јазик од голема корист за професионална интеграција

Ана Ололовска