Копаничарите од Неготино започнаа проект „Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век”

Од:

Проект со наслов  „Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век“ започнаа да спроведуваат  копаничарите од Неготино, во чест  на јубилејот 10 години постоење на Здружението „Стари занаети“ од Неготино, информираше денеска Љиљана Василева од ова Здружение.

– Во проектот се вклучени  20  учесници,  млади, невработени и други заинтересирани лица кои имаат афинитет кон уметноста и копаничарството, како и  6 обучувачи. Обуката е бесплатна, а целта е да се научи копаничарството како  традиционална уметничка обработка на дрво која претставува богато културно уметничко наследство на Република Македонија и општина Неготино, појасни Василева.

Таа нагласи дека проектот е една од многубројните активности кои ги има здружението на копаничарите од овој град.

Би можело да ве интересира

Во Велес отворена изложба на Велешките копаничари

Ана Ололовска

Во манастирот Св. Јоаким Осоговски започна 25. Копаничарска колонија

Ана Ололовска

Изложба во чест на копаничарот Петре Филипоски – Гарката

Ана Ололовска