Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од денеска до 29 септември организира Меѓународна научна конференција „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија: минато, сегашност и иднина“.
Конференцијата е посветена на 70-годишнината од започнувањето на наставата по руски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што соопшти организаторот, на конференцијата ќе бидат презентирани теми од русистиката, како и теми кои се однесуваат на контрастивните и на компаративните истражувања меѓу рускиот и македонскиот јазик, литература и култура.
Во рамки на конференцијата ќе биде промовирана монографијата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“ од професорката Нина Чундева.
Конференцијата ќе биде отворена во 11 часот во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.