Концерт на Националниот џез оркестар во Филхармонија

Од:

Во Филхармонија во Скопје на 24 јануари ќе се отвори новата сезона на Националниот џез оркестар, со концертот „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!”.

Во центарот на вниманието ќе биде биг-бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс.

Како солисти на овој концерт ќе настапат истакнати имиња од македонската музичка сцена – Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ – Дексо, Сашо Гигов-Гиш и Џон Илија Апелгрен, а диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

Како што соопштија од НУ Оркестар за џез музика, концертот со кој ќе се отвори новата сезона ќе биде во знакот на музичкиот гениј Квинси Џонс, од неговите почетоци во 1959 година, па сè до неговиот подоцнежен период како аранжер и продуцент, концертот ќе понуди уникатна прилика за слушање, ексклузивни неиздадени аранжмани, како и композиции што го оформиле неговото култно музичко наследство.

Би можело да ве интересира

Филхармонија ги демантира тврдењата на Дијана Имери Илкоска

Дијана Имери Илкоска објави дека и бил забранет влез во Филхармонија, диргентката остана без работа

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

В четврток свечено отворање на роденденската сезона на Македонска филхармонија

„Легендите живеат вечно“ – концерт во Филхармонија