Кинескиот поет Беи Дао го прими златниот венец на Струшките вечери

Од:

Со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат кинескиот поет Беи Дао и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 54. издание на Струшките вечери на поезијата. Последната вечер на СВП е резервирана за меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата во Струга.

Годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао е 50-ти јубилеен добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лаворов венец. За Македонија рече дека ја гледа како мала земја со древна историја, која успеала да развива поетски фестивал повеќе од половина век со толкаво влијание во светската поезија. Беи Дао, кој пред 12 години беше учесник на фестивалот, истакна дека признанието е многу важно за него, но и дека е среќен што има можност повторно да се сретне со големи поетски имиња од светот.
Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2015 година и беше врачена на Виолета Танчева-Златева за книгата „Година без лето“.

Признанието „Мостови на Струга“, што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант и беше врачено на шпанската поетеса Паула Бозалонго.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 54-ти пат беше претстолнина на поезијата.
Педесет и четвртиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т’га за југ“, палење на фестивалскиот оган и поетското послание на Адонис пред Домот на поезијата во Струга. На 54. издание на Струшките вечери на поезијата учествуваа над 40 поети од 29 држави.
Наградата „Златен венец“, првпат му е доделен во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, „Златниот венец“ се доделува за творештво.

Би можело да ве интересира

Охридскиот архив почнува со дигитализација на документацијата на „Струшките вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ за 2022 година на СВП и УНЕСКО

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга“ на СВП за 2021 година

Ана Ололовска

„Струшки вечери на поезијата“ дел од „Фестивалот на надежта“ на платформата Версополис

Ана Ололовска

Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година

Ана Ололовска

Струга ги испрати своите гости, завршува 58-то издание на СВП

Ана Ололовска