Изложба „Ретроспектива“ од Блажевска и Грабулоски во Прилеп

Од:

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде поставена изложбата „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажевска и Богдан Грабулоски.

Едновечерната ретроспектива на двајцата уметници, брачен пар, ќе започне во 19 часот, а ќе заврши во 24 часот.

Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружќно ќе има и видео записи.

Носител на проектот е  НУ Музеј за современа уметност, во соработка со ЦК „Марко Цепенков“. Автор на проектот, поддржан од Министерството за култура, е Марика Бочварова Плавевска, а соработници се Софија Грабулоска, Ива Димовска и Благоја  Варошанец.

Би можело да ве интересира

Париз Vs. Њујорк: Приказна за два града

Ана Ололовска