Излегоа од печат стрип списанијата „Стрип креатор“ и „Стрип алманах“

Од:

Македонските стрип автори доминираат во најновите списанијата што ги издава Стрип центарот на Македонија – Велес, а кои се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам.

Како што информира програмскиот координатор на Стрим центарот Томе Трајков, во бројот 37 од списанието „Стрип Креатор“ застапени се македонските автори Дарко Богданов, Александар Стеванов, Кана Бутеска, Теодора Христова, Војдан Андонов и Александар Бараковски. Покрај нив во овој број застапени се и стрип делата на Марко Стојановиќ, Марко Николиќ и Миодраг Бунијевац од Србија, Никола Видацковиќ од Хрватска, Ведат Шабанаџовиќ од БиХ и Даниел Даниел од Романија.

Во број 38 застапени се Милан Јовановиќ, Влада Алексиќ, Дражен Ковачевиќ, Аљоша Томиќ од Србија, Разван Бронеску-Романија , Маја Перак –Хрватска, Димитрис Аврамопулос-Грција, како и македонските автори Александар Танчовски, Елена Апостоловска, Методија Стојановски и Александар Танчовски.

„Стрип Креатор“ е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 година, во кој многу македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела, а голем број од нив и дебитантски. Овде на македонски јазик се објавуваат подобрите странски и домашни македонски автори од традиционалниот меѓународен стрип конкурс.

Ревијата „СТРИП АЛМАНАХ’ е издание каде се застапени стрипови на македонски автори и по некој стрип автор од други земји кои ги завршуваат за време на работата на Меѓународната стрип колонија во Велес.

Во број 8 на ревијата објавени се дела од Илко Стојановски, Методија Стојановски, Славица Купенкова, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Дарко Бојовски, Мартина Величковска, како и од Ивица Сретеновиќ од Србија.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он