Филмот „Ловци на вештерки“ прикажан на престижниот „Санденс“ фестивал

Од:

По светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто и освоената награда на младата публика, филмот „Ловци на вештерки“ продолжи со фестивалскиот успех на повеќе од 30-тина филмски фестивали и награди по светот, a големиот успех го круниса со учеството на филмскиот фестивал „Санденс“.

Основан во 1981 година од страна на филмската икона Роберт Редфорд, Фестивалот има за цел да ја поврзува публиката со уметниците во разгорување на нови филмски идеи, откривање оригинални приказни и градење филмска заедница посветена на независниот филм.

„Ловци на вештерки” е македонско-српска копродукција, која ја раскажува приказната за Јован, 10-годишно момче, родено со делумна церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација Јован бега во светот на фантазијата во која тој е слободен да направи се и да биде оној кој сака, еден вид Суперхерој.

-Оваа прекрасна семејна приказна на недопрен растеж и искрено пријателство беше снимана пет недели во Белград, а целиот проект беше поддржан од: Филмскиот центар на Србија, МЕДИА програмата во склоп на Креативна Европа, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Република Србија, како и продукциските куќи Акција Продукција/-Србија и Дрим Фектори од Македонија, наведуваат од македонската продукциска куќа.

Улогите во филмот ги толкуваат Михајло Милавиќ, Силма Махмут, Јелена Докиќ, нашата Јелена Јованова, Бојан Жировиќ и Милутин Милошевиќ.

По слоганот „Секој има шанса да ги искачи скалилата во животот за прв пат”, филмот го режираше Рашко Миљковиќ, сценаристи беа Марко Манојловиќ и Милош Kрeчковиќ, костимографи се Ирена Анастасовска и Милена Миленковиќ. Звукот го снимаше Игор Поповски, директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, монтажер е Ѓорге Марковиќ, извршен продуцент е Стојан Вујичиќ, а продуценти на филмот се Јована Караулиќ и Огнен Антов.

По премиерата и киноприкажувањето во Скопје, Дрим Фектори најавува дека филмот наскоро ке биде представен пред битолската филмска публика.

Би можело да ве интересира

Амнестирани 12 „вештерки“ во САД после 400 години