Од денеска до 21 мај во Младинскиот културен центар ќе се одржи петтото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Настанот е во организација на девојките од „Тiiiit! Ink“.
Колку сме отворени, искрени и слободни да говориме за феминизмот и прашањата кои ги засегаат жените, но и мажите? Дали воопшто знаете што претставува феминизмот и за кои вредности тој се бори? Дали сте доволно храбри да си поставите некои прашања тивко пред себе, а камо ли јавно да проговорите за нив? Фестивалот ќе понуди можност за барања на одговори на сите овие прашања и дилеми.
Влезот за фестивалот е слободен, освен за претставата „Црвена љубов“, во изведба на БИТЕФ театарот, Србија.
Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ е поддржан од Европската Унија и FRIDA Young Feminist Fund.