Едукативна дебата за мултикултурната разновидност

Од:

„Дали мултикултурната разновидност ги зближува народите?“ е насловена едукативната дебата која денеска напладне ја организира Домот на културата „Кочо Рацин“-Скопје.

– На дебатата ќе се зборува дали мултикултурната разновидност е национално богаство, дали е заснована само на нашата етика и човекољубие или е потребно да биде повеќе од политика и уставно-политички систем, дали мултикултурата е богато историско наследство, дали младите имаат меѓурелигиски, меѓукултурни или меѓуетнички предрасуди, како да се надминат етничките норми и табуа, дали нивната уметност, книжевност, животните стилови претставуваат збир на единствени духовни, материјални, интелектуални и емоционални модели на едно опшество, соопшти организаторот на настанот.

На оваа тема ќе зборуваат професорите Нано Ружин, Васил Тоциновски, Мерсел Биљали и ќе учествуваат средношколци од „Јосип Броз Тито“, „Васил Антевски Дрен“ и од „Здравко Цветковски“.

Би можело да ве интересира

Национална конференција „Кон интегративен мултикултурализам“

Ана Ололовска