Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

Од:

На сцената на Националната опера и балет вечер и на 2 ноември ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

-Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, се вели во соопштението од Националната опера и балет.

Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2 ноември Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко (Украина).

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет

Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни

Kомеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците

Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски повторно на сцената на НОБ