„Дуо Кировски“ со концерт ќе одбележи 25 години постоење

Од:

Камерното дуо Кировски – виолинистот и виолист Љубиша Кировски и пијанистката Маја Шутевска-Кировска, вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржат концерт со кој ќе одбележат 25 години уметничка кариера и присуство на домашната и меѓународната музичка сцена.

Концертот е во рамки на циклусот „Про музика“ и го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија-СМУМ. Кировски ќе изведат дела од Јоханес Брамс, Астор Пјацола, Бела Барток, како и дело од македонската композиторка Бете Илин.

– Повеќе од две децении, уметничките и животните патишта на двајцата уметници им се вкрстуваат во ретко успешен сценски израз, во креативна уметничка сеанса во која и виолината и пијаното се надополнуваат со неверојатна компактибилност, категоризирајќи го камерното дуо Кировски во супериорните камерни формации на македонската музичка сцена, наведува СМУМ.

Дуото Кировски е формирано во 1993 година и оттогаш има реализирано голем број настапи, покрај на фестивалите во Македонија, и надвор од нејзините граници, во Хрватска, Србија, Полска, Италија, Швајцарија, Северен Кипар, Бугарија, Велика Британија, САД, Германија.

Нивниот репертоар опфаќа дела од барокот до музика на 20 век, со повеќе од 50 сонати за виолина и пијано. Кировски особено го негуваат македонското музичко творештво, редовно изведувајќи дела од македонски композитори, од кои голем број се посветени на нивното дуо.

Би можело да ве интересира

Кировски: Новинари со кариери и кредибилитет беа бодигарди на Боки 13 за кеш

А1он