„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Од:

Мајските оперски вечери традиционално завршуваат на последниот ден од мај со „Аида“, а оваа година популарната опера на Верди е во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија.

Модерната „Аида“ е спој на визуелната иновација со традицијата, виртуелна сценографија која, како што најави Националната опера и балет, ќе ја одведе публиката во светот на древниот Египет преку футуристичко видување со 3Д-проекции на сцената.

Со новата постановка на оваа Вердиева опера и почнаа 47. Мајски оперски вечери на 9 мај, но вечерашната изведба ќе има друга, интернационална екипа. Насловниот лик ќе го игра Русинката Олга Романко, а останатите главни улоги ќе ги толкуваат: Ирина Долженко од Русија (Амнерис), Ѓорѓи Цуцковски (Радамес), Анџело Веча од Италија (Амонасро) и Александар Стефаноски (Фараонот). Диригент е Диан Чобанов од Бугарија.

Покрај „Аида“, дел од годинашната фестивалска програма беа уште две опери на Џузепе Верди – „Риголето“ и „Травијата“, како и оперите „Лучија од Ламермур“ и „Ана Болена“ на Доницети и „Боеми“ на Пучини и балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски.

Би можело да ве интересира

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано во рамките на „Мајски оперски вечери“ на 18 мај

Ана Ололовска

Изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Травијата“ на Мајските оперски вечери

Ана Ололовска

Изведба на „Травијата“ на 28 мај

Ана Ололовска

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска