ВИДЕО: Пред 10 години го освои светот како скромна домаќинка со ангелски глас, а денес изгледа неверојатно

Од:

Шкотската пејачка Сузан Бојл стана светски популарна во 2009 година, освојувајќи го второто место на британската верзија од шоуто „Јас имам талент“, а сега се врати за „Америка има талент: Шоуто на шампионите“, каде што повторно „дигна прашина“.

Таа настапи со песната „Wild Horses“, која што ја пееше и првиот пат кога се појави на телевизија пред скоро една деценија, а публиката и жирито ги фрли во „транс“ со својата интерпретација.

– Сакам да кажам дека ми е неверојатна чест и задоволство што седам тука вечерва и имам прилика да ве слушам. Имате навистина ангелски глас, ѝ порача Мел Би, член на жирито.

Сузан во моментите кога стана светска ѕвезда беше скромна домаќинка со долгови за струја и вода, без љубовен живот и прилично запуштен изглед. Сепак, денес тоа се промени.

Таа е значително ослабена, со нов стил, со средени финансии и живот, а конечно го пронајде и својот животен партнер. Имено, пред година и пол јавноста дозна за нејзината врска со еден американски лекар, иако таа долго се обидуваше тоа да го скрие од јавноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 12 години скромна домаќинка во долгови до гуша, денеска скромна милионерка

Предраг Петровиќ