Пцости, навреди и закани на вчерашниот протест помеѓу неформалното здружение „Македонија бојкотира“ и адвокатот Александар Тортевски.
Од видеото што вирално се споделува на каналот „Јутјуб“ може да се види дека адвокатот сакал да помине со возилото преку булеварот 11 Октомври, но демонстрантите не му го дозволиле патувањето.
Некои од нив му се заканија на адвокатот со пцости и навредливи зборови и му викаа дека е платеник и член на СДСМ. Демонстрантите викаа дека протестот бил најавен, а адвокатот дошол да ги провоцира. Полицијата интервенираше и го замоли адвокатот да го сврти возилото и да се врати назад.
Васко Маглешов