На Кожуф планинарски марш во чест на Февруарскиот поход

Од:

Стотина планинари од повеќе краеви на земјата утрово започнаа со повеќечасовното пешачење во подножјето на Кожуф планина во чест на Февруарскиот поход.

Кавадаречкото планинарско спортско друштво „Орле“ е организатор на маршот, во соработка со градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, кавадаречкиот општински Совет и локалниот Сојуз на борци.

– Маршутата ќе се одвива од месноста „Мушов гроб“ преку Васов град, Турски рид и римските бањи, до селото Мрежичко. Во организацијата на маршот е и планинарското друштво „Антигонеа“ од соседно Неготино, изјави претседателот на „Орле“, Љубен Здравески, пред стартот на планинарскиот марш.

Според планираното, пешачењето ќе трае најмалку пет часа. Маршот ќе заврши со заеднички ручек во планинарскиот дом во селото Мрежичко.

Би можело да ве интересира

Бугарија се обидела да и го испорача Венко Марковски на Македонија како шпион на ЦИА

Емир Латифовиќ