Не дадовме бланко-потписи, процесот на помирување и интеграција е условен, изјави пратеничката Емилија Александрова по првиот состанок на телото за помирување.
Таа апелираше процесот да почне што поскоро и посочи дека очекува уште денес или утре групите да почнат со работа. Таа не сакаше да коментира за предлог-законот за амнестија за 27 април, рече дека идеите и предлозите ќе бидат презентирани пред интерпарламентарната група.
„Секое законско решение ќе произлезе од групите во делот на интеграција, реформи и помирување. Очекуваме да се забрза процесот, нема да бидат лесни процесите, но свесни за иднината на државата во оваа ситуација нема простор за импровизации“, изјави Александрова.
Александрова исто така го повтори ставот дека притворите не водат кон помирувањето.
Галена Николовска-Ризвановиќ