На силниот Меѓународен турнир во ММА, VOLKETSWIL FIGHT NIGHT, кој се одржа во Волкетсвил, Швајцарија, македонскиот борец Стефан Пецевски од клубот „Д Стронгест“ од Кисела Вода, извојува победа. Пецевски се бореше со многу поискусен противник, но сепак успеа да го совлада во третата рунда со зафат гушење (REAR NAKED CHOKE).
„Стратегијата што ја поставивме за борбата која ја прифативме пред две недели, се покажа точна и сега нашата школа од Кисела Вода има со што да се пофали. Со само неколку дена припрема, нашиот борец сепак ја доби борбата и ја представи нашата држава и клубот во право светло“, изјави Ивица Алексовски
Македонскиот борец Пецевски моментално има профи скор од 4 борби, 3 победи и 1 нерешена борба, а аматерскиот скор му е 4 борби со 4 победи.