Протести во Тунис, Египет, Ирак и Либан

Од:

Во дел од арапскиот свет денеска ќе бидат одржани протести, јави Анадолија и додаде дека масовни протести се очекуваат во Тунис, Египет, Ирак и Либан.

Во Тунис откако ќе му биде оддадена последна почит на еден од лидерите на секуларен Народен фронт Шукри Белаид, кој беше застрелан завчера пред неговиот дом во главниот град Тунис, ќе се одржи масовен протест.

Опозицијата во Египет исто така ќе се собере пред претседателската палата и повторно ќе бара оставка на власта.

Истовремено во Ирак ќе бидат одржани протести насловени како „Не на диктаторските режими“, додека во Либан ќе бидат организирани масовни протести по повод неодамнешиот инцидентот кога вооружена група уби двајца војници.

Би можело да ве интересира

Договор кој ја одреди судбината на Блискиот Исток

Емир Латифовиќ

Колебливите интервенционисти

Емир Латифовиќ

Индиректните израелско-палестински преговори ќе продолжат на 24 септември во Каиро

Емир Латифовиќ

Блискиот Исток ќе се вакцинира од детска парализа

Емир Латифовиќ

Земан ја скара Чешка со арапските земји

Емир Латифовиќ

Чешка го поддржува мирот на Блискиот Исток

Емир Латифовиќ