Макау ГП трката од Формула 3 шампионатот беше прекината, по апсолутно неверојатниот судир на Софија Флерш, која буквално со својот болид излета од патеката.
Флерш, која вози за тимот на Ван Амесрфорт, ја загуби контролата на болидот откако и се откачи тркалото и излета преку возачот Шо Цубои и удри во делот за фотографите.
Mijn god, hier de crash vanaf de tribune gefilmd. Pas op, schokkende beelden! Nogmaals: het is Sophia Floersch die is gecrasht in de Formule 3-race van Macau. De Duitse rijdt voor het Nederlandse team Van Amersfoort Racing. Hopelijk komt er snel een update! #F3 pic.twitter.com/HesSwYimWf
— Rob van Gameren (@VanGamerenF1) November 18, 2018
Засега не се јавуваат детали околу состојбата на германската тркачка, ниту на маршалите и гледачите, иако од тимот на Флерш објавија дека таа е „добро“.