Романските готвачи најуспешни на „ГастроМак 2018“

Од:

Тимот на готвачите од Романија освои најмногу награди на Третиот меѓународен гастрономски натпревар-„ГастроМак Македонија 2018“, што заврши синоќа во Струмица.

Според шефот на романскиот тим, Сара Драгојлу, дури во третото учество на оваа манифестација успеале да го освојат престижното признание.

– Трета година по ред учествуваме на „ГастроМак 2018“ со свои тимови, но оваа година сме најсреќни затоа што освоивме толку многу награди, рече Драголју.

Додаде дека романската и македонската кујна се многу слични и дека со задоволство доаѓаат секогаш во Македонија.

Третото издание на на оваа кулинарска и гастрономска манифестација за затворено го прогласи претседателката на „ГастроМак 2018“, Адрија Алачки. Таа истакна дека секој од учесниците ќе понесат со себе залче од македонските традиционални вкусови и дека наредната година повторно ќе се соберат за да ги одмерат кулинарските вештини.

На градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, му беше врачено признание од страна на организаторите за помошта и поддршката што манифестацијата ги добива од страна на општината.

Во изминативе три дена тристотини учесници-натпреварувачи, над стотина врвни светски судии, мастерклас предавачи и почесни гости, од над триесетина земји од цел свет пред жири комисии ги презентираа своите кулинарски вештини во повеќе гастрономски дисциплини.

Би можело да ве интересира

Трет меѓународен ГастроМак: Врвни светки готвачки повторно се собираат во Македонија

Ана Ололовска

Врвни светски готвачи дел од „Гастро турата“ што од 12 до 14 октомври ќе се одржува во Охрид

Ана Ололовска

Струмица повторно домаќин на врвните готвачи

Ана Ололовска