Фудбалскиот клуб Работнички спогодбено го раскина договорот со тренерот Ѓоре Јовановски. Поради незадоволителните резултати на тимот од стартот на сезоната, раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со шефот на стручниот штаб.
– Имавме разговор со Јовановски и се согласивме спогодбено да го раскинеме договорот. Во фудбалот резултатите секогаш ги диктираат настаните, а Работнички има високи амбиции, кои во моментот се, за жал, над остварените резултати. Согласно ова, моравме да го раскинеме договорот со Ѓоре Јовановски. Би сакал да му се заблагодарам за соработката, се работи за врвен професионалец кој во периодот додека беше шеф на стручниот штаб уште еднаш ги потврди своите професионални и човечки квалитети, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.
Работнички по девет одиграни кола во Првата фудбалска лига се наоѓа на шестата позиција на табелата со 11 освоени бода, откако има три победи, две нерешени и четири порази.